

Ангели (
шпански:
Casi Angeles) е
аргентинска тинејџерска теленовела. Теленовелата во
Аргентина својата премиера ја имаше на
21 март 2007, но после нејзиниот голем успех беше најавена и втората сезона која започна неколку месеци по завршувањето на првата т.е после
15 ноември 2007. Серијата раскажува за неколку деца кои се посвоени од злобните Бартоломео и Хустина и живеат под нивен надзор во една вила. Но, причината поради која тие не се чувствуваат најдобро и сакаат да избегат од сегашниот живот е тоа што нивниот старател ги учи да крадат. Серијата има огромен успех во
Аргентина, но најголема причина е креаторот на серијата,
Крис Морена, кој ги создаде мега популарните
Млади бунтовници,
Флорисиента,
Пиратска душа и др. Aктерската постава од серијата има основано и музичка група "Teen Angels" која ги задоволува фановите со концерти во
Аргентина.




